Српскиот тим Партизан доживеа уште еден нов шок откако денеска почина 43-годишниот Драгољуб Јеремиќ, кој настапуваше за екипата, но и за македонскиот прволигаш Работнички во период од 2006 до 2008 година.
Јеремиќ е роден на 9 август 1978 година, па во текот на кариерата играше уште и за Бежанија и Раднички, а засега не се открива причината за неговата смрт.
„Секогаш кога ќе помислиме дека ќе запре тагата, животот нè демантира и ни задава нов удар. Затоа е тешко да пронајдеме зборови за да се збогуваме со уште еден фудбалер на Партизан и бивш репрезентативец, Драгољуб Јеремиќ“, објавија од Партизан.