Фудбалерите на Лил остварија уште една важна победа во трка за места кои што водат директно во Лигата на шампионите следната сезона. Во првиот натпревар од 28. коло во Лига 1, Лил со сигурни 3-1 (0-0) го совлада Олимпик Марсеј, кој со овој пораз направи чекор назад во битката за Европа.
Поранешните француски шампиони одиграа две дијаметрално спротивни полувремиња – првото беше монотоно, без речиси ниту едно вистинско возбудување и второ во кое на терен се водеше вистинска фудбалска војна, која беа постигнати четири голови и три бода за домашниот тим.
Резултатот го отвори Давид по девет минути игра во второто полувреме. Кабеља во 71. минута зголеми на 2-0, а Исмаили со автогол го намали резултатот во 81. минута. Лил само што тргна од центарот одново ја затресе гостинската мрежа и Гудмундсон стави печат на победата и ги постави конечните 3-1.
Во следното коло Лил игра пред својата публика, овој пат со Стразбур, додека Олимпик Марсеј ќе гостува кај Тулуз.