Фудбалерите на Селта се бесни на арбитражата на денешниот дуел со Реал Мадрид што го загубија со 1-2 откако судијата досуди дури три пенали за „кралевите“.
Особено сомнителен беше оној трет удар од белата точка, во кој Менди иницираше контакт и падна, а судијата веднаш досуди пенал што Бензема го претвори во победнички гол.
„Разочарувачки е вака да се загуби натпревар. Не знаевме што да мислиме, чекавме и четврти пенал за Реал, па можеби и судијата да дојде и да го изведе. Првите два можеби и беа коректно досудени, но третиот дефинитивно беше подарок за гостите. Менди оди со топката, се удира од нашиот играч кој му се трга од патот… и пак ние на крајот сме виновни. Вистинска трагедија“, изјави капитенот на Селта, Јаго Аспас.