Ига Свјонтек, новата кралица на светскиот тенис ја освои титулата во Мајами.
Во големото финале на стадионот „Хард рок“ , Полската тенисерка ја победи поранешната број еден, Јапонката Наоми Осака со 6:4, 6:0.
Така, 20-годишната тенисерка го комплетираше таканаречениот „Саншајн дабл“, освојувајќи титули во Индијан Велс и Мајами и потврди дека е во фантастична форма.
Ова беше нејзина 17-та последователна победа и трета титула во низа, откако беше најдобра на турнирот во Доха пред американската турнеја.
Исто така, Свјонтек стана само четвртата тенисерка која успеала да ги освои Индијан Велс и Мајами во иста година, а претходно тоа успеале само Штефи Граф (1994), Ким Клајстерс во 2005 година и Викторија Азаренка во 2016 година.
Ова воедно беше нејзина четврта титула на ВТА 1.000 во кариерата и нема сомнеж дека моментално е најдобра во светот.
Против Осака работата беше завршена за само 77 минути.
Таа во почетниот сет направи брејк во петтиот гем за 3:2 и таа предност умешно ја одржуваше.
Во вториот сет апсолутна доминација на Свјонтек, три брејка и се беше готово за само 27 минути.
Ова беше нејзина втора победа во исто толку натпревари со Осака, претходниот пат славеше во Канада во 2019 година.
https://twitter.com/MiamiOpen/status/1510323651467522052?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1510323651467522052%7Ctwgr%5Ehb_0_8%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ftenis%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D04dd%3D02nav_id%3D2132979