На Американецот му требаше само половина час да ги добие првите осум гема во низа, по што Србинот дојде до првиот гем и почна да игра нешто подобро. Но, штетата веќе беше направена па иако до крајот на вториот сет повеќе немаше брејкови, Тиафо дојде до посакуваниот резултат за само 70 минути минати на теренот. Тој во полуфиналето во Токио ќе игра против Кореецот Сунву Квон, кој беше подобар од Шпанецот Педро Мартинез (6-3, 6-0).
Во преостанатите два четвртфинални дуели на овој турнир силите ќе ги одмерат Тејлор Фриц и Ник Кирјос односно Денис Шаповалов и Борна Чориќ.