Натпреварот меѓу Гимназија ла Плата и Бока јуниорс ќе остане запишан како еден од „најцрните“ во историјата на фудбалот откако во немирите на и околу стадионот животот го загуби еден 57-годишен навивач.
Хаосот се случил откако полицијата ги затворила вратите од стадионот еден час пред почетокот на мечот и голем број фанови со купени билети останале надвор. Се создал огромен бес кај навивачите кои сакале да ја пробијат вратата, а полицијата морала да употреби солзавец за да ги разбие.
Мечот беше прекинат по само девет минути игра, а на крајот во целиот хаос имаше и жртва и огромен број повредени.