Патрис Евра, поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и француската репрезентација, не престанува да ја шокира јавноста откривајќи детали од приватниот живот. Откако минатата година откри дека бил силуван како момче, и се сеќава на драматичните настани од пубертетот.
– Направив лоши работи пред да почнам да играм фудбал. Дилав дрога. И молев за пари пред продавница – изјави Патрис Евра при посетата на отвореното студио на Би-Би-Си.
Поранешениот лев бек на Франција изјави дека сето тоа се случувало кога имал 13 години.
– Просењето беше вообичаено. Понекогаш и на полноќ, кога фрлаа сендвичи ние ги вадевме од кантите за ѓубре.
Патрис Евра потекнува од добро ситуирано семејство, бидејќи неговиот татко бил дипломат од Сенегал. Покрај тоа, тој израснал во големо семејство, бидејќи неговиот татко имал дури 24 деца со неколку жени. Проблемите настанале кога таткото ги напуштил семејството, сопругите и децата.
-Кога татко ми си замина, настана хаос.
Патрис Евра најде излез и спас во фудбалот. Тренинзите и натпреварите го оттргнаа од улицата и пороците.
– Кога имав 17 години, отпатувавме за Италија. Се сеќавам дека стигнавме, седнавме на ручек и ни донесоа храна. Отидов во собата, бев во тренерки, и се јавив на мајка ми и и реков „Мамо, овде е како рај, луѓето ни носат храна, имаш две вилушки од едната страна, два ножа од друга“. Тоа е моето најубаво сеќавање.