Розбех Чесми и Рамин Резаеијан се јунаците на Иранците и тие ги дадоа головите за победа, прва на Иран воопшто против европски селекции на Мундијалите.

Чесми, кој влезе како резерва во 77. минута постигна извонреден гол од далечина, мајсторски со силен удар од 20-на метри, а голот можете да го погледнете ОВДЕ.

И десниот бек Резаеијан само 120 секунди подоцна беше прецизен и ја потврди победата.

Тој погодок можете да го погледнете ОВДЕ.

Иранците ја заслужија победата и поради две погодени стативи, во регуларниот дел од натпреварот.

Премиерата на второто коло на СП во Катар ја одбележа и првиот црвен картон што го доби голманот на Велшаните Вејн Хенеси во 86. минута.

Хенеси се обиде да го спречи Тареми да даде гол, а стартот надвор од шеснаесетниткот беше груб и иако првично беше покажан жолт картон, судијата Ескобар ја смени одлуката откако ја прегледа ситуацијата со помош на ВАР системот.

Иран беше подобар ривал имаше повеќе шанси и на крајот успеа да победи на драматичен начин.

Иран има три бода, а Велс остана на еден по две кола во група во која вечер од 20 часот ќе играат Англија против САД.