Селекцијата на Португалија со минимална победа од 3-2 над Гана го започна Светското првенство во Катар.

Во натпревар во кој Роналдо сруши нови рекорди, „европските Бразилци“ во лудо второ полувреме освоија три бода, но малку требаше мечот да заврши без победник. Во самиот финиш португалскиот голман Диого Коста направи катастрофална грешка, која на негова среќа не заврши со погодок на Гана.

-Големата грешка на Коста и реакцијата на Кристијано Роналдо:

https://youtu.be/9Uvvnsnzwfo

Во второто коло во Катар, Португалија ќе се сретне со Уругвај, додека Гана за противник ќе ја има Кореја.