Фудбалерите на Милан триумфираа во дербито на колото во Серија А против Рома (3-1), а овој натпревар дефинитивно го одбележа безвременскиот французин Оливие Жиру.
Ветеранот прво даде гол за 2-0 во вториот дел, а потоа запиша и магична асистенција. Акцијата тргна од стрелецот Тео Хернандез, кој одигра двојно проигрување со Жиру. Искусниот напаѓач топката од прва ја пренасочи кон бекот и тоа атрактивно со пета, па овој постигна ефектен гол.
Иако има 37 години, Оливие Жиру и натаму игра во врвна форма. Сезонава за Милан даде десет гола и имаше шест асистенции на 17 одиграни натпревари.