Фудбалската репрезентација на Нигерија приреди непријатно изненадување за своите навивачи и одигра нерешено 1-1 против Екваторијална Гвинеја на стартот од Африканскиот куп на нации.
Фаворизираниот тим не успеа да дојде до целиот плен и мораше да се задоволи само со бод, додека играчите на Екваторијална Гвинеја направија вистински подвиг со овој резултат. Нигерија важеше за петти фаворит за трофејот во пресрет на турнирот, но уште на стартот покажа знаци на слабост, иако сѐ уште има шанса за „поправен испит“.
Иван Салвадор ги доведе Гвинејците во водство од 0-1 во 36. минута, а конечните 1-1 беа дело на Виктор Осимен од Наполи, кој биеше прецизно само две минути подоцна. На паузата беше нерешено, а истиот резултат остана и до крајот, иако Нигерија имаше уште неколку солидни прилики и дури шест обиди кон голот на Гвинеја.
Домаќинот, селекцијата на Брегот на Слонова Коска ја совлада Гвинеја Бисау со 2-0.
Турнирот годинава се игра во Брегот на Слоновата Коска, а Нигеријците се во групата A заедно со домашната селекција и репрезентацијата на Гвинеја-Бисау.