Ракометната репрезентација на Македонија забележа уште еден убедлив пораз на Европското првенство во Германија. Ракометарите на Кирил Лазаров беа надиграни од домашната селекција (34-25), а како мала утеха за поразот е атрактивниот потег на Петар Атанасијевиќ во самиот финиш од натпреварот.
Крилото на Еурофарм Пелистер во 44. минута на мајсторски начин го измами противничкиот голман, а токму овој погодок се најде меѓу најатрактивните на денот на шампионатот.
Покрај нашиот ракометар, во ТОП 5 на денот се најдоа уште и головите на Алекс Душебаев, Борозан, Костер и Oдин Тор Рикардсон.