Голем скандал се случи на влезот од „Мерцедес-Бенз Арена“ во Берлин каде се играше ракометниот дуел меѓу Македонија и Германија. На македонските навивачи им биле одземени реквизити и знамиња со сонцето на Кутлеш.
Германското обезбедување зема дел од реквизитите за навивање на македонските навивачи поради сонцето од Кутлеш.
Македонците преку социјалните мрежи го открија немилиот настан и им порачаа на Германците: „Немате толку обезбедување колку што ние имаме знамиња“.
Навивачите и фотографираа дел од одземените знамиња и шалови.