Младиот хрватски ракометар Денис Тот (27) почина во четвртокот по брутална тепачка пред скопскиот клуб „Привилиџ“.
Причина била девојката Клементина Левковска (19) која е приведена откако се прегледани снимките од безбедносните камери.
Како што пишуваат хрватските медиуми, Клементина за време на сослушувањето се однесувала така што ги изненадила самите полицајци.
Само се смееше, како да сме ја уапсиле за кражба на литар мастика во продавница, а не за насилна смрт“, изјави за „Јутарњи лист“ извор запознаен со истрагата за убиството на ракометарот на РК Бутел.
Истиот извор наведува дека од 14-годишна возраст како девојче се лекувала во психијатриска установа поради растројство.
„Како 14-годишно дете се лекуваше од растројство во психијатриски установи. Беше третирана и од социјалните служби, а побегнала од дома поради употреба на дрога. Откако родила дете , кое сега има година и пол, со нејзиниот случај се занимаваше и социјалната служба поради запоставување на детето“, наведува изворот на Јутарњи.