Ливерпул и Бенфика го одиграа реванш натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите на „Енфилд“, откако во првиот англискиот тим победи со 3:1. Вториот натпревар заврши 3:3, што значи дека Ливерпул со вкупни 6:4 се пласираше во полуфиналето во кое ќе игра против Виљареал. Стрелци за Ливерпул беа Конате и двапати Фирмино, додека за Бенфика погодија Рамос, Јаремчук и Нуњез.

Навивачите на Бенфика по натпреварот со гласна песна го поздравија својот тим. Додека домашните навивачи го напуштаа стадионот на Ливерпул, гостите останаа на трибините. Дури и кога играчите отидоа во соблекувалната, тие продолжија да навиваат, па играчите мораа повторно да излезат од соблекувалната на теренот и да ги поздрават. Погледнете го видеото.

https://twitter.com/brfootball/status/1514591143945723907?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1514591143945723907%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fvideo-igraci-benfice-morali-su-se-zbog-navijaca-vratiti-iz-svlacionice-na-teren%2F2356288.aspx