По дебито во 2014 година, Aријан Адеми е незаменлив во првиот тим на македонската фудбалска селекција, а со неговите борбени игри, стана и вистински пример како треба да се брани репрезентативниот дрес со државниот грб.
Капитенот на Динамо Загреб и покрај големите проблеми низ кои минал во текот на кариерата, за Македонија секогаш го давал максимумот на терен, па затоа е еден од најпочитуваните „рисови“ во составот на Благоја Милевски. Во изјава за хрватските медиуми Адеми истакна дека во ниту еден момент не зажалил што се одлучил да го облече дресот на Македонија.
„Кога бев мал честопати одев во Македонија и кога дојде повикот за репрезентацијата немав проблем да го прифатам. Никогаш не сум зажалил на таа одлука, напротив, сметам дека ја донесов вистинската и на крај се покажа како супер. За мене тоа е правиот пат. Свесен сум дека често се бара виновникот зошто е заиграв за Хрватска“, вели Адеми.
Адеми имаше голема улога во историскиот пласман на Македонија на Европско првенство, а исто така беше дел и селекцијата која што како никогаш досега не била поблиску до виза за едно Светско првенство.