Дер Класикер, како што Холанѓаните го нарекуваат своето најголемо дерби, во 27. коло од Ередивизија навистина беше класика. Ајакс – Феенорд (3:2) е меч за паметење. Пред почетокот на супер дербито беше жешко на трибините на Амстердам Арената, но буквално. Факелот на домашните навивачи го запали нивното големо знаме од кое огнот се прошири на трибините.
Гостите поведоа во 8. минута со голот на Луис Синистере по одличен контранапад. Во 24. минута израмни Себастијан Халер погодувајќи од непосредна близина. Само четири минути подоцна Гус Тил му донесе ново водство на Феенорд од 2-1, по неколку големи грешки на одбраната на Ајакс.
Феенорд водеше до 78. минута. Тогаш Душан Тадиќ изведе слободен удар на 18 метри од голот дијагонално од десната страна. Се очекуваше центаршут, но капитенот на Ајакс ја испрати топката во спротивниот агол. На пет минути пред крајот, Антони погоди за пресврт.
Ајакс го доби третиот натпревар во низа во Дер Класикер со гол што го постигна во 85. минута.