Јувентус дојде до четвртата победа по ред и брзо го преброди шокот со елиминацијата од Лигата на шампионите, за да ја запише 17-та победа и со тоа да дојде до 59 бода, седум помалку од лидерот Милан, но со теоретска шанса дека во завршницата од сезоната торинскиот гигант би можел да дојде и до ново „скудето“.
Само пет минути требаа за Јувентус да поведе, па Аргентинецот Дибала реализираше на асистенција на Влаховиќ, а потоа српската ѕвезда го дуплираше водството во 29-та минута по асистенција на Матија Де Шиљо за практично да ја завери победата против најслабиот тим во лигата.