Познатата италијанска актерка, атрактивната Стефанија Марсиона неодамна даде ветување кое може да биде дополнителен мотив за фудбалерите на Интер оваа сезона да ја освојат Лигата на шампионите. Имено, Стефанија гостувајќи во емисијата „Тики Така“ на избраниците на Симоне Инзаги им ветила стриптиз во соблекувалната доколку евентуално го освојат „долгоушкото“.
– Не за Серија А, бидејќи е премногу лесно. Но, ако ја освојат Лигата на шампионите – да, ќе изведам стриптиз во соблекувалната на Интер – изјави оваа 29-годишна актерка, инаку голем фан на нероазурите.
Стефанија неодамна во живо го следеше натпреварот на Интер од Лигата на шампионите против Шахтјор, кој домашниот тим го доби со 2-0.
Што се однесува до Серија А, Интер по нешто послабиот старт ги „запали моторите“ и се врати во прв план. Клучна беше победата против Наполи на крајот на ноември (3:2), а оттогаш врзаа шест последователни триумфи и имаат четири бода повеќе од второпласираниот Милан.
Па, сега играчите на Интер добија дополнителен мотив за освојување на Лигата на шампионите…