Ливерпул цврсто гази и во ФА купот. Денеска Црвените на свој терен го победија Норвич со 5-2, и се пласираа во осминафиналето на ова натпреварување.
Ова беше прв меч на Ливерпул по објавата на менаџерот Јирген Клоп дека си заминува од клубот по завршувањето на сезонава. Стрелци на головите за Ливерпул беа Џонс, Нуњес, Жота, Ван Дајк и Гравенберх.
Во следната фаза, ривал на Ливерпул ќе му биде Вотфорд или Саутхемптон. Овие два тима денеска одиграа нерешено, па ќе мора да играат нов меч за да се одреди ривалот на Ливерпул.
Инаку, Ливерпул уште од 1994 година нема загубено од Норвич, против Канаринците има серија од 19 меча по ред без пораз во сите натреварувања.
Во голеадата на „Енфилд“, најубав беше последниот погодок, на Борха Саинс од Норвич кој постигна маестрален гол за 2-4: