Олимпик Лион со триумф ја отвори сезоната во Франција откако на домашен терен славеше против Ајачио со 2-1. Тете го отвори резултатот во 12.минута, а Александре Лаказет само девет минути ја удвои предноста од пенал.
Гостите намалија на 2-1 исто така од пенал преку Томас Мангани, а и двата тима играа со фудбалер помалку откако исклучувања добија Антони Лопес и Ромаин Хамума.