Арсенал ја доби лондонската пресметка против Кристал Палас, славеше на гости со 0-2 и стигна до важна победа во премиерниот меч од новата сезона во Премиер – лигата.

Габриел Мартинели со удар со глава донесе водство за „топчиите“ во 20.минута, а триумфот го потврди Бакајо Сака во 85.минута, кога шутираше кон голот, а топката од Гуехи се одби и заврши во мрежата на домаќинот.