Фудбалерот на Јувентус, Метјус де Лихт побарал од челниците на торинскиот клуб да биде ставен на трансфер листата, пренесуваат италијанските медиуми.
Де Лихт има договор со Јувентус до 2024 година, а отштетата за холандскиот фудбалер изнесува 120 милиони евра.
„Скај“ Италија наведува дека Јувентус е подготвен да го продаде Де Лихт за 80 милиони евра, откако холандскиот одбранбен фудбалер не сака да ја продолжи соработката со „Старата дама“.
Интерес за Де Лихт покажаа Челзи и Манчестер Јунајтед, но лондонскиот клуб е во предност, бидејќи бара одбранбени играчи по заминувањето на Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен.
Во 2019 година Јувентус го донесе Де Лихт од Ајакс за околу 85 милиони евра. Холандскиот фудбалер одигра 87 натпревари во Серија А, а со клубот од Торино ја освои титулата во сезоната 2019/2020.