И покрај информациите дека е незадоволен и дека сака да го напушти Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо сепак се очекува да остане во клубот .
Како молња се прошири информацијата дека Баерн Минхен може да го доведе Кристијано Роналдо и на тој начин да го замени Роберт Левандовски, но тоа брзо беше демантирано од извори од Германија, но и од Англија.
Скај Спортс наведува дека Роналдо е фрустриран поради недостигот на трансфери и ветената реконструкција на тимот, но дека сака да остане во клубот и да работи со Ерик Тен Хејг. Така, 37-годишниот Португалец треба да се појави на подготовките.
Јунајтед ќе започне со тренинзи на почетокот на јули, но Роналдо малку ќе го продолжи одморот поради репрезентативните обврски во Лигата на нации.
За да го задоволи Роналдо , Јунајтед треба да го засили тимот и да донесе свежи лица за барем обид за борба за трофеи, но заминувањето не се очекува по само една сезона.
Од друга страна, германски Скај вели дека Португалецот не се вклопува во финансиската и трансфер политика на Баварците и дека Баерн се уште работи на тоа да го убеди Левандовски да ја одработи последната година од договорот и покрај понудата на Барселона.