Кристијан Ериксен моментално се наоѓа во Швајцарија каде се опоравува и се навикнува да живее со дефибрилатор. Му беше вграден откако му го спаси животот на теренот а потоа и итна операција во болница откако колаброра на теренот за време на Европското првенство поради срцев удар.
Поради дефибрилаторот, Ериксен мораше да го напушти милански Интер бидејќи Италија забранува заминавање на професионален и аматерски план на секој со сериозни проблеми со срцето. Тој не се откажа од кариерата како професионален фудбалер, всушност се надева дека ќе настапи на Светското првенство во Катар.
Сега се наврати на она што се случи во јуни, но и на реакциите на луѓето кои го изненадија.
“Беше чудно, не очекував да добијам цвеќе бидејќи умрев за пет минути. Беше чудно, но и многу убаво. Луѓето се уште ми пишуваат. Им се заблагодарив на оние што ги запознав во живо, меѓу нив и лекарите, соиграчите и нивните семејства “, рече тој и додаде:
„Сега им благодарам на сите навивачи, илјадници од нив, за писмата за поддршка и на сите оние кои дојдоа кај мене на улиците во Италија и Данска. Сето тоа ми помогна да го пребродам она што се случи“.
Ериксен денеска нема клуб, но се надева дека наскоро ќе заигра повторно. Има голема желба да биде со Данска на Мундијалот.
“Мојата цел е да играм на Светското првенство во Катар. Сакам да играм, тоа е она што постојано го мислам. Тоа е моја цел и мој сон. Дали ќе бидам избран е друга работа. Но мојот сон е да се вратам. Јас сум сигурен дека можам да се вратам затоа што чувствувам”, рече тој.