Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација, Џани Инфантино, смета дека Европското првенство треба да се игра на секои две години, исто како што е идејата за Светското првенство.
„Дури и ЕУРО ќе се игра секоја втора година. Европа се противи на оваа идеја бидејќи Европа секако има мини светско првенство секој викенд бидејќи најдобрите светски играчи играат во Европа. Но, тоа не е случај во остатокот од светот. Тоа е еден месец во годината и мора да најдеме начин вистински да го вклучиме целиот свет.“ – рече Џани и потоа додаде:
„Да се игра Светско првенство на секои две години не е моја идеја, тоа е идеја на ФИФА, тоа е резултат на студија во која учествуваат 166 нации. Буџетите се многу јасни – 88 проценти од земјите, вклучително и повеќето европски, побараа да се спроведе студија за одржливост и таа студија покажа дека од спортски аспект Светското првенство може да функционира на секои две години. Би се играле помалку репрезентативни натпревари, но поважни би биле тие што би играле!“ – заклучил Џани!