Македoнскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и оваа сезона блескаво го брани голот на Рајо Валјекано. Вчера беше еден од најдобрите во победата на гости кај Вилјареал (1-0) и ја сочува нечепната својата мрежа.
За Димитриевски ова беше седми меч во Ла Лига со чиста мрежа, а малиот мадридски клуб има извонредна сезона досега и моментно е седми со 29 бода, само два помалку од петтиот и шестиот Вилјареал и Бетис, кои имаат по 31 бод, а пет предност има четвртиот Атлетико Мадрид.
Одличната сезона го остави Рајо во трка за Европа, што е сон за секого во клубот.
„Минатата година имавме опсесија да бидеме што подобри на гостувањата, а сезонава сме уште пофокусирани и многу сме среќни од досега прикажаното. Блиску сме до Европа, ама долг е патот сѐ уште до таму. Нѐ чека уште половина пат, цел втор круг и ќе одиме да ја искористиме секоја шанса што ќе ни се укаже. Имаме шанси, мора да ги искористиме“, вели Димитриевски.
Димитриевски веќе пет години е на голот на овој мадридски клуб, а ова му е трета сезона со Рајо во Ла Лига, покрај две во Сегунда.