Килијан Мбапе режираше магија на вчерашниот тренинг на Франција, но оваа вечер продолжи онаму кадешто застана синоќа и приреди експлозија во првото полувреме на „Паркот на принцовите“.
Ѕвездата на ПСЖ постигна три гола во период од 26 минути и ја наполни мрежата на Казахстан, што секако е најава за сигурна победа и очекуван пласман на Светското првенство.
Мбапе го отвори резултатот во 6-та минута по одличната акција која ја креираа Бензема и Тео, потоа стрелаше во 12-та по несебичното додавање од Коман, а истиот играч му асистираше и за 3:0.
Крилото на Баерн Минхен на двапати одлично го пронајде фантастичниот млад напаѓач, кој вечерва изгледа непогрешлив пред голот на гостите од Казахстан.
Од вкупнот четирите удари на Франција кон противничкиот гол, дури три беа дело на Мбапе, а сите три завршија во мрежата на Покатилов.