Кливленд ја продолжи серијата на добри резултати со победа над Бостон Селтикс.

Кавалирс по драмата во финишот дојдоа до шестата победа во седум натпревари  со 91:89.

Дариус Гарланд погоди две слободни фрлања на девет секунди пред крајот, а во последниот напад Денис Шредер промаши удар кој на Селтикси ќе им донесеше продолжение.

Поголем е успехот на Кавалирс кои во еден момент од третата четвртина заостанаа 19 поени (53:72), но со одлична завршница успеаја да направат голем пресврт.

Во победничкиот тим најефикасен беше Гарланд кој постигна 22 поени со четири скока и шест асистенции, Иван Мобли додаде 19 поени со девет скока, а Рики Рубио 16 поени.

Бостон го предводеше Шредер со 28 поени со четири скока и три асистенции, додека Џејсон Тејтум постигна 21 поен со четири скока и две асистенции.

Вашингтон сè уште не ја губи водечката позиција на исток.

Визардс ја забележаа деветтата победа сезонава бидејќи гостите беа подобри од Орландо со 104:92.

Спенсер Динвиди имаше дабл-дабл од 23 поени со 11 скока и шест асистенции, додека Монтресл Харел застана на 20 поени, шест скока и седум асистенции.

Кај Меџик беше најефикасен Кол Ентони со 22 поени, Вендел Картер постигна 17, а Мохамед Бамба постигна 14 поени со дури 17 фатени топки.

Резултати:
Индијана – Филаделфија 118: 113
Њу Орлеанс – Мемфис 112: 101
Орландо – Вашингтон 92: 104
Торонто – Детроит 121:127
Кливленд – Бостон 91:89
ЛА Клиперс – Минесота 129:102