Нант влезе во триумфална серија и ја запиша четвртата последователна победа во француското првенство, во која значајна улога одигра искусниот Кирил Лазаров.
Македонскиот селектор и капитен играше на завидно ниво и вечерва и беше еден од најдобрите во новата победа на Нант, овојпат изразена со пет голови разлика во дуелот ос Истр.
Нант има биланс од шест победи, едно реми и два порази по девет комплетирани рунди во Франција, а денеска славеше со 36:31 на домашен терен.
Лазаров вечерва беше перфектен и погоди пет пати од исто толку обиди, па заедно со Ривера кој постигна седум гола беа најрасположени на теренот.
Нант го задржа второто место на табелата во Франција и има вкупно 13 бода, пет помалку од ПСЖ кој е непогрешлив и има девет победи на девет натпревари.