Вчера уште две репрезентации покрај Германија и Данска, ги заверија билетите за Катар. Тоа го направија Франција со победата над Казахстан и Белгија која славеше во натпреварот со Естонија со резултат 3:1.

Стрелци за головите на Белгија беа Бентеке, Караско и Торган Азар. Вистинско ремек дело беше погодокот на Јаник Караско кој во 53. минута буквално ја искина мрежата на естонците со удат од околу 20тина метри.