Околу 80 љубители на фудбалот беа депортирани во Италија по нередите во Тирана во пресрет на денешниот финален натпревар од Лигата на конференцијата меѓу Рома и Феенорд.
Според заменикот на полицијата Алберт Дервиши, две одделни групи холандски и италијански навивачи се судриле со полицијата, а во таа прилика биле повредени 19 полицајци и пет цивили.
Депортирани се 80 навивачи.
Еден полицаец е избоден со нож. Повредени се и тројца италијански навивачи и двајца холандски навивачи.
Дервиши ги повикаа навивачите на двата клуба да се однесуваат достоинствено, „како Европејци“, да ги почитуваат законите на државата во која се наоѓаат и да не се судираат со полицијата а во спротивно ,, законите строго ќе се применуваат“.
Тој изјави дека во притвор се 48 навивачи на Рома и 12 навивачи на Феенорд и истакна дека секој од уапсените ќе се соочи со казна затвор од седум години.
Полицијата ги повика продавниците и рестораните да не продаваат пијалоци на навивачите во стаклена амбалажа.
Решени сме да гарантираме ред и безбедност, да спречиме уништување на имот и да обезбедиме нормално одржување на натпреварот“, изјави Дервиши.
Фудбалерите на Рома и Феенорд ќе играат вечерва од 21 часот во Тирана во финалето на Лигата на конференциите. Натпреварот се игра на Националниот стадион со капацитет од 20.000 седишта, а се очекува пристигнување на 100.000 навивачи.
Во градот се создадени две посебни фан зони, на растојание од само еден километар.