Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси минатото лето ја напушти Барселона и се пресели во ПСЖ, каде што не се прослави во првата сезона.

Меси сè уште не се прилагоди во Париз, па ова често предизвикува шпекулации дека би можел да се врати во Барселона, а новинарите го прашаа татко му што мисли за неговата иднина.

„Се надевам дека Лео еден ден ќе се врати во Барселона“, кажа таткото на Меси.