Карим Бензема и Гави додадоа уште една индивидуална награда оваа недела. Откако двајцата беа наградени на церемонијата на „Златната топка“ пред неколку дена, сега се избрани за најдобри и според италијанскиот весник „Тутоспорт“. Напаѓачот на Реал Мадрид е „Златен фудбалер за 2022 година“, а играчот од средниот ред на Барселона е „најдобар млад играч“.
И додека на „Златната топка“ гласаат само новинарите, овде гласањето е поделено меѓу претставници на медиумите и обичните навивачи, кои досега имаа можност слободно да го дадат својот глас на интернет.
Гави повторно е пред Едуардо Камавинга (Реал Мадрид), Џуд Белингам (Борусија Дортмунд) и Џамал Мусијала (Баерн Минхен), кои исто така му беа најблиску во гласањето организирано и од „Франс Фудбал“.