Ерлинг Хaланд е сензација во светскиот фудбал, откако фантастично ја стартуваше сезоната за новиот клуб Манчестер Сити. Моќниот напаѓач има далеку повеќе голови од бројот на натпревари од стартот на сезоната – 20 гола на 14 меча, како и три асистенции.

На социјалните мрежи се појави видео од натпревар што Халанд го играл пред девет години, на свои 13 години. Неговиот талент уште тогаш бил силно изразен.