Иако постојат заговорници во клубот да се смени Чави, а и дел од медиумите најавуваа таква можност, сепак раководството на клубот има полна доверба во младиот стратег кој како фудбалер остави силен белег во овој гигант.
„Чави останува! Барселона има потполна доверба во него и во комплетниот долгорочен проект“, објави „Копе“ повикувајќи се на релевантни извори во клубот.
Чави откако дојде во Барселона има 53 меча со учинок од 30 победи, 11 ремија и 12 порази, но легендата не бил прв избор на претседателот Жоан Лапорта, туку Андреа Пирло бил негов избор. Сепак, тој избор не минал кај фудбалерите зашто сите се плашеле на комплетна промена на системот на игра.