Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, обезбеди место меѓу осумте најдобри на фјучерс-турнирот во Ираклион (Грција), кој се игра на тврда подлога за награден фонд од 15.000 долари.
Тој во осминафиналето беше подобар од Германецот Марлон Ванкан, кому му одржа лекција победувајќи го експресно со 6-3 и 6-1. Ивановски на овој начин закажа дуел со чешкиот тенисер Јакуб Ницод од кој победникот ќе се пласира во полуфиналето.
Со оглед што противникот е дури 1.714-ти на АТП листата, Калин во пресметката ќе влезе како голем фаворит со огромни шанси да се вмеша во борбата дури и за триумф на турнирот во Грција.