Челниците на Вимблдон се сериозни во намерата да не дозволат да играат руски и белоруски тенисери оваа година.

Причината поради која организаторите на овој Грен слем сакаат пред се да го суспендираат Данил Меведев е тоа што постои страв дека неговиот триумф би можел да им стави ветер во грб на властите во Москва.

Претходно министерот за спорт во Британија Најџел Хадлстон побара од Медведев и другите писмено да се изјаснат и да потврдат дека не добиваат пари од Путин, Русија и Белорусија и дека нема да ги поддржуваат тие страни.

Ол Ингланд клубот има привилегиран статус во однос на другите големи турнири, кои останаа неутрални по ова прашање, за да не се соочат со судски постапки.

И додека АТП, ВТА и ИТФ одлучија да им забранат на руските и белоруските играчи да играат под свое знаме, Вимблдон има намера да оди чекор понатаму.

Би можеле да ги отстранат сите тенисери од Русија и Белорусија поради истата причина – страв дека нивниот добар резултат на третиот Грен слем може да влијае на политичката ситуација во светот.

Пријавувањата за турнирот траат до средината на мај, додека натпреварот е на програмата од 27 јуни до 10 јули.

Треба да се каже дека Данил Медведев пред неколку дена имаше операција на кила, па секако е под знак прашалник за Вимблдон.

https://twitter.com/TelegraphSport/status/1511069066919878661?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1511069066919878661%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ftenis%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D04dd%3D04nav_id%3D2134404