Канадскиот тенисер Феликс Огер-Алиасим триумфираше на турнирот од серијата 500 во Ротердам.

Тој во финалето убедливо го совлада Стефанос Циципас со 6:4, 6:2, по еден час и 19 минути игра.

Деветтиот светски играч на тој начин успеа да стигне до првиот трофеј во кариерата, од деветтиот обид, по осум загубени меча во финалињата во претходните три сезони.

Што се однесува до Циципас, тој ја пропушти шансата да ја освои својата прва титула во категоријата 500, осма во кариерата.

Против Огер-Алиасим не му успеваше ништо, а се гледаше дека ова нема да биде добро попладне за Гркот, уште по првиот гем, во кој претрпе брејк.

Канаѓанецот на ист начин го започна и вториот сет, за во петтиот гем од вториот сет да направи уште еден брејк  и без проблем стигна до победата.

Огер-Алиасим ќе стане осмиот играч во светот доколку Каспер Руд не го освои Буенос Аирес во финалето кое се игра вечерва .

https://twitter.com/TennisTV/status/1492891260805394435?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1492891260805394435%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ftenis%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D02dd%3D13nav_id%3D2104710