Во финалето на турнирот во Акапулко ќе играат Камерон Нори и Рафаел Надал. И двајцата славеа во два сета, Надал против Медведев, а Нори против Циципас .
Натпреварот кој се чекаше беше оној меѓу Рафаел Надал и Данил Медведев, новиот светски рекет број еден, а поуспешен беше Надал.
Надал одигра одличен меч, ја диктираше играта како што му одговара и за два часа стигна до финалето.
Во првиот сет доволен беше еден брејк во четвртиот гем, каде Надал стигна до 3:1, а се закани и два гема претходно кога имаше 15:40, но Медведев се извлече.
Во вториот сет Надал направи брејк веќе во првиот гем. Сепак, тој немаше лесна работа. Во четвртиот гем одбрани четири брејк топки, во шестиот гем кој беше вистински маратон спаси дури седум брејк топки и на крајот успеа да слави и да се пласира во финалето.
Стефанос Циципас беше запрен во полуфиналето на турнирот во Акапулко со пораз во два сета против Камерон Нори. Британецот одигра одличен меч и го запре фаворизираниот Грк.
Во текот на целиот меч Циципас имаше само една брејк можност во средината на вториот сет кога можеше да поведе и да ја преземе контролата, но не успеа, загуби сервис на крајот од сетот и забележа пораз од 6:4, 6:4.
АТП Акапулко, полуфинале:
Камерон Нори (Велика Британија, 6) – Стефанос Циципас (Грција, 3) 6: 4, 6: 4
Рафаел Надал (Шпанија, 4) – Данил Медведев (Русија, 1) 6: 3, 6: 3