Четвртиот тенисер на светот за место меѓу осумте најдобри во Мелбурн ќе ги одмери силите со Јаник Синер, кој пак имаше ѓаволски тежок пат до оваа пресметка. Италијанецот ги загуби првите два сета во дуелот со Мартин Фучович (4-6, 4-6), но потоа заигра далеку подобро и ги доби следните три сета со 6-1, 6-2, 6-0 за конечна победа.
Во 4. коло се пласира и седмиот рекет во светот, Оже-Алијасим, кој во четири сета беше подобар од Франциско Серундол (6-1, 3-6, 6-1, 6-4).