Фудбалската репрезентација на Ирак е освојувач на Гулф купот, откако во неверојатно драматично финале, со 3:2 по дури 120 минути игра го победи Оман. Ништо не најавуваше дека ова ќе биде едно од најдраматичните финалиња во историјата на фудбалот.

 

Ирак поведе во 24 минута, а Оман промаши пенал за израмнување во 82 минута. Сепак, Оман успеа да израмни и тоа со гол од пенал во 10-тата минута од судиското надополнување, па резултатот беше 1:1 и се играа продолженија.

Ирак повторно поведе со гол во 116 минута и речиси никој не веруваше дека Оман ќе може по втор пат да се израмни.

 

Во 119 минута Оман погоди за 2:2 и речиси сите очекуваа дека тоа е конечен резултат, па победникот да се решава на пенали. Сепак, во 120+2 минута, Јонес со гол постигнат со глава донесе голема радост за навивачите на трибините на стадионот во Басра во Ирак.

 

Ова епско финале имаше и предигра, откако неверојатен беше интересот на домашните фанови да бидат на трибините и во живо да бидат сведоци на овој дуел. Навивачите беа на трибините неверојатни 10 часа пред да почне средбата, стадионот беше преполн, а пред стадионот останаа уште двојно повеќе навивачи.

Во стампедото кое беше направено пред влезот на стадионот имаше преку 60 повредени, а се стравуваше дека има и жртви.