Лацио е полуфиналист во Купот на Италија откако го доби „вечното дерби“ на Рим против соседот Рома со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Матија Закањи од пенал, во 51.минута од дуелот.

Кастелјанос беше соборен во шеснаесетникот по корнерот за Лацио, а по прегледување на ВАР снимката беше досуден пенал. Закањи успешно го реализираше.

„Лацијалите“ по оваа има уште две добри шанси за втор погодок, преку Фелипе Андерсон.

Во судиското продолжение, Педро и Азмун добија црвени картони, а Лацио се пласира меѓу четирите најдобри во Копа Италија.

Рома е елиминирана од Купот на Италија, а дополнителни главоболки за Мурињо му создава Дибала.

Дибала беше стартер на натпреварот, а на полувремето се виде дека тешко се движи кон клупата, по што му беше укажана медицинска помош.

Аргентинецот не се појави во вториот дел, па на негово место влезе Лоренцо Пелегрини.

Сега е потребно да се види за каква повреда се работи, дали Дибала ќе може да биде дел од дербито во недела против Милан на Сан Сиро.

Ако не успее, тоа би било голем удар за Рома бидејќи Дибала е нејзиниот најдобар играч.

https://twitter.com/i/status/1745147056614674747