Милан ги загуби шансите и за титула во Купот на Италија. „Росонерите“ пред своја публика доживеаја болен пораз од Аталанта (1-2) и така останаа во игра само за уште две титули – една домашна, втората во Лига Европа.

 

Навивачите се надеваа дека нивниот тим може да дојде до титула во второто домашно натпреварување, ама сега им остана само Суперкупот кој ќе се игра во средината на месец јануари. Аталанта продолжи со одличните партии и заслужено се пласира во полуфиналето каде го чека својот ривал.

Екипата на Милан во првото полувреме имаше шанси, а постоеше големо незадоволство кај гостите од арбитражата. Заради протести тренерот Гасперини доби црвен картон, а Милан на тензијата одговори со гол на Рафаел Леао пред паузата. Сепак, Аталанта само две минути подоцна израмни преку Копмајнерс на 1-1.

На стартот на второто полувреме Тео Хернандез направи фаул во казнениот простор, Аталанта доби пенал, а казната во гол ја претвори Копмајнерс за конечни 1-2. Во финишот имаше сигнал во ВАР-собата за потенцијален пенал за Милан, но судијата реши дека нема елементи за најстрога казна.

Аталанта во полуфиналето ќе игра против екипата на Фиорентина.