Англиските медиуми го следат секој чекор на Португалецот откако летово пристигна на „Олд Трафорд“ од Јувентус за 25 милиони евра. Го следат што прави Роналдо на тренинзите, со кого се дружи и секој негов чекор на теренот и надвор од него.

Така, фотографи на англиските таблоиди денеска го фотографираа мини караванот на Роналдо на пат кон тренинг центарот на Јунајтед. Португалецот беше фотографиран во нов Bentley Flying Spur вреден 220.000 евра, а зад него беа снимени двајца, како што пишуваат Англичаните, „мистериозни“ мажи кои го следеа во Range Rover.

https://twitter.com/ManUtdLatestCom/status/1440994363073466369?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1440994363073466369%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Ftko-se-to-vozi-iza-ronalda-po-manchesteru%2F2306001.aspx

Ова се личните телохранители на Роналдо кои неколку години го придружуваат роналдо. Телохранителите беа со Роналдо додека играше за Јувентус, а особено го следат во Англија, каде Португалецот ужива статус на божество. Наводно, Роналдо не оди никаде без нив, и тие беа со него кога леташе за Англија на враќање во Јунајтед.