Лукас Пакета доби жолт картон на крајот од натпреварот помеѓу неговиот Лион и Троа (3: 1) за обид за дриблинг.
Пакета проба да го издрибла противничкиот фудбалер со финтата “rainbow flick”. Тогаш судијата Стефани Фрапарт ја прекина играта и со неверување на фудбалерот на Лион му даде жолт картон на Бразилецот. Не е познато дали картонот го доби за понижување на противникот или замавнување со рака кон судија откако сакал да го предупреди дека неговиот потег не е во духот на фер -плејот.