Барселона се дави во долгови, но и покрај тоа претседателот Жоан Лапорта успеал да обезбеди средства за реновирање на стадионот „Камп Ноу“, а целиот проект ќе чини околу 1,45 милијарди евра.
Барселона соопшти дека имотот на клубот не е користен како гаранција и дека немало потреба да се земе хипотека на стадионот, туку 20 инвеститори ќе дадат пари за да се реновира еден од најпознатите стадиони во светот.
Екипата од Каталонија ќе почне да ги отплаќа долговите кога ќе заврши реновирањето на стадионот, а исто така капацитетот ќе биде зголемен од 99.300 на 105.000 места.
„Проектот е од голема важност за Барселона и еден од темелите за економска стабилизација на клубот“, соопштија од екипата.
Барселона во моментов е на добар пат да ја освои титулата во Ла Лига бидејќи има 11 бодови предност пред Реал Мадрид на осум кола пред крајот на сезоната.