Македонскиот интернационалец, Даниел Аврамовски му донесе победа на Сараево против Тузла Сити во дуелот од 27. коло во првата лига на Босна и Херцеговина.
Домаќините изборија значаен минимален триумф и тоа благодарение на прекрасниот гол кој популарниот Цујо го постигна во 28 минута.
Ова за Аврамовски беше втор сезонски погодок, но потврди дека повредите се зад него и оти влегува во посакуваната форма и ритам.
Сараево во наредното коло се соочува со лидерот Зрињски.