Ливерпул синоќа го продолжи победничкиот марш во Лигата на шампионите, откако во 5. коло од групата Б на домашен терен го совлада Порто (2-0), а еден од хероите на вечерта беше Тиаго Алкантара кој постигна вистински еврогол.
Гостите во текот на првото полувреме се држеа, но потоа на сцена стапија Тиаго Алкантара и Салах. Англискиот тим убедливо ја освои групата уште во последното коло и продолжи со перфектната серија и сега има максимални пет победи.
Натпреварот од Енфилд особено ќе остане запаметен по голот на Тиаго од 52. минута. Ливерпул изведе слободен удар и топката се одби до шпанскиот играч за врска кој шутираше од околу 25 метри и погоди за 1-0.
Соиграчите на Тиаго, Џоел Матип и Ибрахима Конате се фатија за глава по голот, а тренерот Јирген Клоп беше воодушевен.