Неверојатни вести ни пристигнуваат од Португалија.
Белененсес игра против Бенфика на својот стадион со тоа што мечот го започна со девет играчи.
Поради дури 14 заразени играчи, домаќинот на теренот излезе со девет спремни фудбалери, меѓу кои и голман во улога на стопер.
Нумеричката супериорност, секако, ја искористи Бенфика, па по само половина час игра води со 4:0.
Останува нејасно зошто натпреварот не можеше да биде одложен, како што обично се случува кога отсуствуваат толку многу играчи.
Преседанот најдобро го опиша играчот од средниот ред на Манчестер Сити, а поранешниот член на Бенфика, Бернардо Силва, со зборовите „Што е ова?“.